Чудната супстанца ја снимил роверот Perservance на NASA, кој минатата година слетал во кратерот Езеро. Се верува дека станува збор за Дакрон, посебен материја од групата полиестери.
Мистериозниот предмет ја заинтригирал јавноста минатата година, а овие денови НАСА објавила за што станува збор.
Фотографијата која ја направил Perseverance на 12 јули 2021. година, предизвикала бројни теории дека се пронајдени знаци на живот на Црвената планета. Меѓутоа, изгледа дека не станува збор ниту за живот, ниту за “шпагети”.
Станува збор за дакронска мрежа, односно материјал Дакрон, подвид на полиестер, а NASA претпоставува дека најверојатно паднал од термалната покривка која на роверот му помогнала да слета на Марс, пренесува Mirror.
„Изгледа дека ова конкретно парче мрежа минало низ значајно одмотување, што сугерира дека било изложено на моќни сили“, стои во блогот на NASA.
Дакрон, со оглед на тоа дека станува збор за многу еластичен материјал, се користи во различни цели, од медицина до риболов, а во конкретниот случај и како дополнителна опрема за слетување на Марс.