Иако флексибилните телефони на преклоп се уште се скапи за тоа што го нудат, Samsung верува дека тие ќе станат нов стандард на пазарот на паметни телефони
Претседателот на Samsung Mobile, Роx Тае-Мун, очекува продажбата на нивната преклопна серија смартфони Galaxy Z да ја надмине популарната серија Galaxy S за само три години и со тоа да стане новиот стандард на пазарот.
„До 2025 година, телефоните на преклоп ќе сочинуваат повеќе од 50 отсто од вкупните испораки на премиум уреди на Samsung и ќе станат нов стандард за паметни телефони“, тврди Рох.
Како што пренесува Android Authority, ова значи дека во иднина, Samsung би можел да ги направи своите мобилни телефони на преклоп уште подостапни, со цел дополнително да го зголеми нивниот удел на пазарот. За потсетување, компанијата неодамна ги претстави новите модели на преклоп – Galaxy Z Fold 4, за кој треба да потрошите значителна сума на пари и малку попристапниот Z Flip 4.
Уште во јули годинава објавивме дека продажбата на мобилни телефони на преклоп на Samsung е зголемена за цели 300 проценти минатата година во споредба со 2020 година. Рох открива дека компанијата продала речиси 10 милиони од своите смартфони на преклоп и посебно го пофали Galaxy Z Flip 3, кој го избрале дури 70 отсто од корисниците.