Првиот преклопен смартфон на Oppo, наречен Find N, беше добро прифатен во Кина, но за жал не се појави на другите пазари. Сепак, Oppo подготвува уште два модела кои ќе бидат достапни и на меѓународниот пазар.
Флексибилните телефони доаѓаат за неколку недели, а Oppo ги именуваше како Find N Fold и Find N Flip. Имињата на новите „паметни“ телефони откриваат дека тие ќе имаат сличен дизајн на уредите на преклоп на Samsung, Galaxy Z Flip 4 и Galaxy Z Fold 4, кои беа претставени минатата недела.
Се очекува уредите на Oppo да го користат истиот процесор како оној на Samsung, а тоа е процесорот Snapdragon 8+ Gen 1 на Qualcomm.
Во Кина, споменатиот Find N имаше многу конкурентна цена, а сè уште не е познато дали истата стратегија ќе се користи и за претстојните два смартфони на преклопување на Oppo.