Помеѓу облаците на Орионовата маглина, астрономите забележаа млада ѕвезда која „намотува“ материјал од својата околина.
Соѕвездието Орион е познато по тоа што се наоѓа на т.н небесен екватор, поради што е видливо од секој дел на планетата Земја. Некаде помеѓу неговите светли ѕвезди Алнитаи, Саиф и Ригел, лебди огромен и густ облак од меѓуѕвездена прашина и гас – Орионовата маглина.
Таа е толку голема и впечатлива што е видлива со голо око, а покрај спектакуларниот изглед, кој е снимен со помош на вселенски телескопи, овој меѓуѕвезден простор е и важна лабораторија за проучување и разбирање на формирањето на ѕвездите.
🌈 Welcome to a new Hubble view of a colorful cloudscape!
This #HubbleFriday image captures a luminous region of the Orion Nebula. About 1,000 years away, this nebula is a dynamic region of dust and gas where thousands of stars are forming: https://t.co/KHYXS2uqo5 pic.twitter.com/uwFujkKtyq
— Hubble (@NASAHubble) August 12, 2022
Процесот е познат и како објект Хербиг-Харо, за чие создавање се потребни одредени специфични околности. Пред сè, потребна ви е млада ѕвезда која се врти и „намотува“ материјал од облакот околу себе. Со текот на времето, таа расте, овозможувајќи млазови од плазма да се ослободат меѓу половите на ѕвездата и да се пренасочат по линиите на надворешното магнетно поле – давајќи ѝ забрзување.
Потоа овие млазови, кои патуваат со неверојатно големи брзини, силно се судираат со околниот гас и го загреваат, предизвикувајќи му да свети. Тоа доведува до појава на две блескави шипки, кои изгледаат како да излегуваат од ѕвездата.
Астрономите истакнуваат дека овие структури брзо се менуваат, што им дава идеална можност да ги проучуваат за да разберат како материјалот се исфрла од облаците кои ги хранат растечките ѕвезди и ја одредуваат големината до која ќе пораснат.