Според информациите објавени на социјалната мрежа Weibo и пренесени од порталот HuaweiCentral, новиот флегшип Huawei Mate 50 би требало да пристигне со освежена верзија на оперативниот систем Harmony 3.0, кој донесува неколку интересни нови опции.
Mate 50 би требало да пристигне следниот месец, а судејќи според се, нема да има ништо од новиот Kirin чипсет, така што новиот најдобар телефон на Huawei ќе се потпира на докажаната 4G верзија на Snapdragon 888 чипот. Една од новите опции што треба да ја донесе новиот чипсет е итниот режим на батерија, кој треба да ви овозможи да испраќате пораки и повици дури и откако смартфонот ќе се исклучи поради слаба батерија.
Според инсајдер познат на мрежата Weibo како „knowseverything“, оваа опција ќе доаѓа со телефонот Mate 50 и ќе ви овозможи да остварите итен повик, да испратите порака, но и некои понапредни опции како скенирање документи или геолокација.
Како ова работи?
Иако нема премногу информации, се претпоставува дека смартфонот не ја троши целосно батеријата, туку остава мал дел за итни случаи. Како ова точно функционира сè уште не е познато, но секако изгледа како интересна опција за оние навистина итни случаи кога навистина ви треба помош.
Harmony OS 3.0
Новата верзија на Harmony OS беше официјално претставена на крајот на јули и се фокусира на безбедноста и новите опции за големите паметни уреди и таблети. Нагласуваме дека, иако е претставен, Harmony OS 3.0 официјално се уште е во бета тест фаза, па се очекува првиот смартфон со стабилна верзија на оперативниот систем Harmony OS 3.0 да биде штотуку споменатиот Mate 50.
Mate 50
Новиот Huawei Mate 50 би требало да пристигне со малку помал OLED екран – 6,38 инчи и 120 Hz. Ќе го покренува споменатиот Snapdragon 888 со 8GB RAM и 128 или 256GB меморија за складирање, заедно со систем со три камери со резолуција од 50 MP.