Астронаутката Никол Аунапу Ман на Американската вселенска агенција НАСА, ќе стане првата домородна жена што ќе патува во вселената.
Ман е полковник во маринците и му припаѓа на племето Ваилаки, а NASA потврди дека таа ќе биде првата Индијанка која ќе отпатува во вселената. Таа ќе биде командант на мисијата Crew-5 на Меѓународната вселенска станица (МВС), која ќе ја спроведува SpaceX. Лансирањето е закажано за 29 септември, а кога ќе пристигне на МВС, Ман ќе служи како летечки инженер за ISS Expedition 68 за време на шестмесечниот престој.
Екипажот на мисијата Crew-5 ќе го сочинуваат астронаутот на NASA, Џош Касада, јапонскиот астронаут Коичи Ваката и руската космонаутка Ана Кикина. Членот на племето Чикасо, Џон Херингтон, генерално беше првиот домороден Американец во вселената, летајќи со вселенскиот шатл Endeavour во 2002 година.
Ман има одлична позадина за вселенски летови. Таа ја започна својата кариера како авијатичар на морнарицата и леташе со F/A.18 Hornet за време на операциите во Авганистан и Ирак. Таа магистрирала машинско инженерство на Стенфорд, а НАСА ја избрала како еден од шесте кандидати за астронаути во 2013 година. Таа група стана многу влијателна, бидејќи ги вклучува Ана МекЛејн, Џесика Меир и пилотот на Crew Dragon, Виктор Гловер. Некои од нив, како Ман, беа во потесниот избор за Artemis, мисијата на Месечината со екипаж. По едниот дедо води потекло од Естонија.
За Ман, ова не е само историски момент, таа верува дека нејзината мисија ќе ги „урне бариерите“ за домородните деца кои не веруваат дека можат да станат астронаути.