Huawei Consumer Business Group доби престижна награда од Здружението на експерти за слика и звук (EISA) за паметниот часовник HUAWEI WATCH GT 3 Pro.
Здружението, што вклучува повеќе од 60 почитувани списанија за потрошувачка електроника, веб-страници и новинари од целиот свет, го прогласи HUAWEI WATCH GT 3 Pro за “Најдобар паметен часовник за 2022-2023” врз основа на неговите карактеристики. Huawei го добива ова признание трета година по ред.
EISA го дефинираше HUAWEI WATCH GT 3 Pro како “најнапредниот паметен часовник на Huawei досега”, истакнувајќи го неговиот класичен, но луксузен дизајн што се состои од керамичко куќиште и кристално стакло од сафир, и AMOLED дисплеј. Неговиот напреден оперативен систем, многуте апликации и функции, заедно со можноста за следење на здравјето и исклучителното траење на батеријата, беа предмет на дискусија и пофалба од страна на жирито.
Со подолго траење на батеријата и 30% побрзо полнење од претходната генерација, HUAWEI WATCH GT 3 Pro нуди и специјализирани функции што можат да им помогнат на корисниците да ги подобрат своите секојдневни навики. Некои од функциите вклучуваат над 100 режими на тренинг, како и следење на отчукувањата на срцето, SpO2, HUAWEI TruSleep 2.0 следење на спиењето и ниво на стрес. Во согласност со стратегијата Seamless AI на Huawei, корисниците исто така можат да го поврзат HUAWEI WATCH GT3 Pro со други паметни уреди, вклучувајќи ги и телефоните со iOS и Android.
Здружението EISA се состои од медиумски експерти од спектарот на потрошувачка електроника од над 30 земји. Тие се поделени во шест групи, вклучувајќи мобилни уреди, hi-fi, аудио, и автомобилска електроника. Секоја година, членовите на Здружението номинираат листа на производи што ги сметаат за исклучителни во секоја од овие групи. Номинациите потоа се презентираат пред членовите на EISA, каде што истите имаат дискусија пред да гласаат за победникот во секоја категорија.
Оваа престижна награда од EISA е уште едно вредно признание за HUAWEI WATCH GT 3 Pro и неговата улога во подобрувањето на квалитетот на животот на современите потрошувачи.