Samsung има нов буџетски паметен телефон и се работи за Galaxy A04. Моделот е многу сличен на неговиот претходник Galaxy A03. Уредот поседува LCD екран со дијагонала од 6,5 инчи, HD+ резолуција и засек во облик на солза во кој е сместена селфи камера од 5 MP.
Моделот има неименуван чипсет со осмојадрен процесор, 4/6/8 GB RAM и 32/64/128 GB меморија што може да се прошири. Батеријата е со капацитет од 5000 mAh, а софтверски го користи Android 12 со One UI Core 4.1.
Главната камера е двојна и се состои од сензор од 50 MP и 2MP за бокех ефекти. Засега не е јасно колкави ќе бидат цените на новиот буџетски телефон и кога можеме да го очекуваме.