Сите модели се достапни за преднарачка во САД, а нивната испорака почнува во текот на следниот месец.
Google најави три нови носечки уреди од својот бренд Fitbit – два паметни часовници и една фитнес нараквица. Овие уреди, како што коментираа од Google за време на презентацијата, ги комбинираат добро познатите алатки на Fitbit за следење на здравјето и фитнес активностите со знаењето на Google.
„Уредите се потенки и уште поудобни, па можете да ги носите цел ден и ноќ и не мора да ги полните секој ден“, истакна директорот на Google, TJ Varghese, најавувајќи ги новите уреди Fitbit Versu 4, Sense 2 и Inspire 3.
Sense 2 е најнапредниот паметен часовник на Fitbit. Google вели дека може да издржи повеќе од 6 дена работа со едно полнење на батеријата, а доаѓа со сензори кои можат да препознаат атријална фибрилација, варијабилност на отчукувањата на срцето, температура на кожата итн. Новитет е и сензорот кој управува со стресот. Овој паметен часовник може да се преднарача за 299 долари и вклучува шестмесечна претплата на услугата Premium.
Fitbit Versa 4 во споредба со неговиот претходник е потенок и полесен и доаѓа со физичко копче. Тој донесува повеќе од 40 режими за обука, следење статистика во реално време и поддршка за GPS. Може да се нарача за 250 долари и со 6-месечна претплата за услугата Premium.
Новитетот на овие модели, нагласуваат од Engadget, е тоа што на нивните екрани ќе се прикажува turn-by-turn навигација од Google Maps, така што нема да имате потреба да користите паметен телефон за навигација.
Fitbit Inspire 3 е нараквица за фитнес на почетно ниво која ќе биде достапна за купување за 100 долари. За тие пари добивате уред кој ги следи фитнес активностите, отчукувања на срцето, опциите за следење како пулс, спиење, стрес и други, има екран во боја и одлична батерија која би требало да издржи 10 дена работа.
Сите модели се достапни за преднарачка во САД, а нивната испорака почнува во текот на следниот месец.