По овонеделното неочекувано намалување на цените на услугите, Starlink и американскиот T-Mobile претставија услуга која треба да донесе сателитски пристап до интернет до сите нови мобилни телефони
Синоќа во вселенското пристаниште Starbase во Тексас, шефот на американскиот T-Mobile Мајк Сиверт и првиот човек на SpaceX, Елон Маск ја претставија соработката на двете телекомуникациски компании – Starlink и T-Mobile – на проектот „Coverage Above and Beyond“. Како дел од оваа иницијатива, планот е да се донесе покриеност на мобилниот сигнал директно од сателитите Starlink до мобилните телефони од новата генерација, каде што моментално нема копнен сигнал.
Поддршка за постоечките смартфони
Услугата ќе ги комбинира комуникациските сателити Starlink V2, лоцирани во ниската орбита на Земјата, и копнената мобилна мрежа на T-Mobile за да им овозможи на корисниците да комуницираат низ САД, дури и таму каде што не било можно да се воспостави врска преку базните станици на кој било оператор.
Starlink V2, launching next year, will transmit direct to mobile phones, eliminating dead zones worldwide
— Elon Musk (@elonmusk) August 26, 2022
Со технологијата на директно примање сигнали од сателити до мобилни телефони ќе исчезнат зоните без сигнали. Клучната предност е што услугата треба да работи со голем број на постоечки 5G смартфони, компатибилни со спектарот „PCS“ од средниот опсег, кој работи на 1.850 – 1.990 MHz. Првите Starlink сателити компатибилни со оваа технологија ќе бидат лансирани следната година.
Исто така, најавено е дека оваа услуга ќе обезбедува брзини на пренос на податоци меѓу 2 и 4 mbps, а првично ќе обезбедува услуги за SMS, MMS и пораки во рамките на неколку апликации. Телефонирањето и класичниот пристап до Интернет ќе бидат овозможени подоцна. Бета пристапот до тарифата за хибридни копнени и сателитски сигнали ќе биде активиран во САД до крајот на следната година.
Да потсетиме, сателитската интернет-услуга е достапна и во Македонија.


