Според најновите информации, претстојната iPhone 14 серија која ќе биде претставена на 7 септември исто така нема да поддржува брзо полнење. Аналитичарот Минг-Чи Куп најави полначи од 30W GaN уште во јануари, а сега друг инсајдер, DianRui, вели дека неименуван бренд испраќа нови полначи од 30W за да ги тестира новите iPhone 14 уреди.
Покрај тоа, се шпекулира дека iPhone 14 Pro и iPhone 14 Pro Max ќе се полнат со 30W само кога батеријата е блиску до 0%, по што моќноста ќе падне на 27 до 25W. Сегашната серија на телефони, iPhone 13 Pro и Pro Max се полнат со моќност од 23W, односно 27W, така што новото подобрување, ако воопшто можеме така да го наречеме, ќе биде речиси незабележлително, освен ако Apple не промени нешто.
Apple веќе продава неколку GaN полначи, вклучувајќи ги и оние од 140W за новиот 16-инчен MacBook Pro и двојните полначи од 35W претставени со новиот лаптоп MacBook Air со M2 чип. Сепак, тие користат USB C кабли, додека iPhone 14 генерацијата најверојатно ќе го задржи Lightning конекторот, и покрај новите регулативи на ЕУ.