Концептот на намалување на штети може да се опише како правец на делување насочен кон поединци или групи, со цел да се минимизираат штетите поврзани со одредено однесување. За оние кои моментно користат цигари, намалувањето на штети им нуди можност да се префрлат на низа побезбедни никотински производи кои претставуваат помал ризик за нивното здравје. Иако се работи за релативно нов додаток во арсеналот на глобалните решенија за јавното здравје, неговата ефикасност се надоврзува на деценискиот успех на претходните иницијативи за намалување на штети.
Сите ние користиме некои производи или се однесуваме на начини кои претставуваат ризик по нашето здравје. Само за пример, државите не пробуваат да ги спречат луѓето да возат автомобили, туку донесуваат закони за употреба на сигурносни појаси и воздушни перничиња и издаваат безбедносни стандарди за производителите. Овие работи го намалуваат, но не го елиминираат ризикот од повреди или смрт.
Но, постојат и области како што е пушењето и штетите предизвикани од истото, каде воведувањето на производи за намалување на штети е поголем предизвик. Ова бара тутунската индустрија да вложи повеќе напори за да ја демонстрира способноста за намалување на штетата што би го подобрило здравјето на корисниците и заедницата во целина. Во јавното здравје, со примената на концептот на намалување на штети се намалуваат здравствените ризици, така што на луѓето им се нудат побезбедни алтернативни производи и се поттикнуваат помалку ризични однесувања, наместо да се забрануваат овие производи или однесувања.
Поголем дел од луѓето знаат дека пушењето е штетно по здравјето и дека пушачите пред се ги консумираат цигарите поради никотинот, додека помалку е познато дека самиот никотин не предизвикува тешки болести поврзани со пушењето. Никотинот е релативно нискоризична супстанца, но неговите ефекти поттикнуваат повторна употреба и предизвикуваат зависност. Ова е една од причинините зошто на луѓето им е тешко да престанат да пушат, дури и кога знаат дека тоа е лошо за нивното здравје.
Меѓутоа, согорувањето е всушност „горливиот проблем“ кај цигарите. Чадот од тутунот кој се ослободува при овој процес е главниот виновник за болестите на пушењето, и тоа поради повеќе од шест илјади материи кои се наоѓаат во него, од кои околу 100 се означени како штетни или потенцијално штетни.
Наспроти тоа, помалку штетните алтернативи кои се научно засновани, како што се уредите што го загреваат тутунот и е–цигарите, при користењето ослободуваат никотин, но без согорување на тутунот, поради што не испуштаат тутунски чад. Ова е главната причина зошто се подобра опција за возрасните пушачи, кои не сакаат да ги остават цигарите, но не се без ризик, бидејќи содржат никотин кој предизвикува зависност.
Научно докажана алтернатива, која веќе две години е достапна на нашиот пазар е iQOS – уред базиран на технологија која го загрева тутунот, наместо да го согорува. Тоа значи дека при користење на iQOS нема создавање на чад од тутунот и повеќе од шест штетни и потенцијално штетни материи кои го прават многу опасен, меѓу кои е и катранот.
iQOS докажано не влијае негативно на квалитетот на воздухот во затворени простории, бидејќи со негово користење не се создава чад, туку аеросол, кој содржи до 95 проценти помалку штетни состојки во споредба со цигарите. Не е занемарлива ни хигиенската страна од користењето на оваа бездимна алтернатива – нема повеќе пепел, а има помалку непријатен мирис кој не се задржува на косата или гардеробата како мирисот од цигарите.