Најважен проект на компанијата Blue Origin, во сопственост на милијардерот Џеф Безос, е вселенската станица Orbital Reef која може да се најде во орбитата во 2027 година.
NASA штотуку ги одобри плановите за изградба и дала зелено светло за наредната фаза.
Нова архитектура
„Ги исполнуваме барањата на вселенската агенција NASA и комерцијалниот пазар. „Orbital Reef“ ќе го смени начинот на кој престојуваме во вселената“, соопштила компанијата.
Со ова Orbital Reef се позиционира како наследник на Меѓународната вселeнска станица (ISS), која заминува во „пензија“ во 2031 година.
Could magnetic Boots like in The Expanse be a thing and could we see them used on Starship & Orbital Reef? @DJSnM pic.twitter.com/Lq3Mgf8wFr
— SP (@DerTraumVomMars) August 21, 2022
Станицата на Џеф Безос може да прими 10 лица, а планирана е за истражувачки и туристички мисии. Покрај тоа ќе послужи и за луксузно сместување..
„Orbital Reef носи нов вид на вселенска архитектура. Комфорните модули со големи прозорци ќе го направат престојот во вселената незаборавен“, наведува Blue Origin.
Бројни партнери
Компанијата на Џеф Безос се здружи со бројни партнери, за да ги реализира плановите. Меѓу нив се и Sierra Space, Boeing, Redwire Space и Универзитетот Аризона.
Orbital Reef со текот на времето ќе „расте“ и ќе додава нови модули за различни намени.