Моделот LG LX3 им овозможува на корисниците сами да го изберат нивото на закривување за да го приспособат екранот на нивните потреби и моментната активност.
Оваа недела во Берлин се одржува саемот за потрошувачка електроника IFA 2022, каде ќе бидат претставени и изложени многу нови и интересни уреди. Еден од уредите кој ќе го привлече вниманието на љубителите на големите екрани е телевизорот OLED Flex LX3 на LG.
Се работи за првиот телевизор во светот со флексибилен екран од 42 инчи, кој им овозможува на корисниците сами да го изберат нивоти на закривувањеза да го приспособат дисплејот на нивните потреби и моментната активност – во зависност од тоа дали гледаат филм или играат видео игри. Обликот на овој телевизор е овозможен со самоосветлувачката OLED технологија на LG без позадинско осветлување, а може да се пофали и со прецизни бои, мало влезно доцнење и брзо време на одзив од само 0,1 ms.
Треба да се напомене и интелигентниот процесор α (Alpha) 9 Gen 5 и уникатните алгоритми за слика, кои според LG, овозможуваат долго време да се играат игри или да гледате телевизија без да ги заморувате очите, како и слојот против рефлексија. (SAR – супер анти-рефлексија), што помага да се намалат визуелните нарушувања.
Заобленоста може брзо да се прилагоди со избирање помеѓу две претходно дефинирани поставки со помош на специјално копче на далечинскиот управувач или рачно преку 20 различни нивоа со растојанија од пет проценти. Екранот на LG OLED Flex може и да се навалува нанапред до 10 степени или назад до 5 степени, а можно е и прилагодување на висината на држачот во опсег од 140 милиметри.
Новата апликација Game, ексклузивна за LX3, поддржува приспособливи заштитници на екранот, нуди кратенки до популарните апликации како Twitch и YouTube и обезбедува преглед на поврзаните надворешни влезни уреди, сите на истиот екран. Gaming Optimizer на LG е ажуриран за LG OLED Flex и вклучува приспособливи поставки за звук според жанрот на играта, заедно со широк опсег на опции за слика и звук посветени на игрите.
Посебната страница за поставки за аудио за игри вклучува еквилајзер, менувач на AI Game Sound и Dolby Atmos и нуди пристап до напредните аудио поставки, овозможувајќи им на корисниците да го приспособат гејминг искуството онака како што сакаат.