Следната верзија на стандардот за пренос на податоци преку USB не е баш блиску, но активно се работи на неа. Според информациите на The Verge, USB 4 верзијата 2.0 може да донесе дури двојно поголема брзина од стандардната четврта ревизија.
USB Promoter Group, која меѓу другите ги вклучува Apple, HP, Intel и Microsoft, ја објави спецификацијата за USB4 од 40 Gbps во 2019 година. Тоа беше прв пат спецификациите да ја користат технологијата на Intel Thunderbolt и во исто време да ја удвојат брзината на претходните спецификации. Сега е објавена спецификацијата USB4 верзија 2.0, која повторно ќе ја удвои брзината на USB-C портот (80 Gbps), под услов да се користат сертифицирани кабли.
USB4 2.0 ќе биде компатибилен со претходните спецификации (USB 4 v1.0, USB 3.2, USB 2.0 и Thunderbolt 3). Покрај тоа, ќе биде компатибилен и со најновите верзии на DisplayPort и PCIe архитектурите. USB Promoter Group планира да ја објави оваа спецификација на серијата настани за развивачи на USB DevDays закажани за ноември оваа година.
Се разбира, ќе биде потребно извесно време пред оваа технологија да биде имплементирана од производителите на смартфони и компјутери. Засега не е познато кога USB4 2.0 производите ќе бидат достапни на пазарот. Ова може да се смета за уште една „победа“ за USB-C технологијата, која е фаворизирана од Европската унија како единствен начин за поврзување и напојување на различни уреди од 2024 година.