Фосил стар 230 милиони години пронајден во Зимбабве за време на ископувањето во 2019 година претставува предок на сауропод кој ќе им овозможи на научниците да откријат како диносаурусите еволуирале и се ширеле низ нашата планета.
Остатоци од нов вид тревопасни животни се откопани во северниот дел на Зимбабве, на место богато со фосили од диносауруси. Неговото откритие фрла нова светлина врз еволуцијата на диносаурусите и дава потенцијални одговори на едно од основните прашања на тријаската палеонтологија: Зошто диносаурусите живееле само во одредени делови на суперконтинентот Пангеја?
Научниците почнаа да работат на локалитетот Pebbly Arkose Formation уште во 2017 година, но ископувањата беа одложени поради пандемијата. Сега, конечно, можат да ја претстават ѕвездата на локацијата – Mbiresaurus Raathi, речиси целосен скелет на нов вид тревопасни животни, пишува Live Science.
Just out, Africa’s oldest dinosaurs! Paper and project led by Chris Griffin and an international team of Zimbabwean, American, Zambian, and Brazilian scientists. We introduce Mbiresaurus raathi, an early sauropodomorph from Zimbabwe (art by Atuchin) https://t.co/EPCaKI67ld pic.twitter.com/4HDpF8iyrW
— VT Paleobiology (@VTechmeetsPaleo) August 31, 2022
Речиси 230 милиони години стар, Мбире е најстариот фосил на диносаурус пронајден на африканскиот континент и меѓу најстарите во светот, според студијата објавена во списанието Nature.
„Најраните диносауруси биле мали – далеку од џиновите што ги замислуваме сега“, вели Кристијан Камерер, куратор на палеонтолошкиот оддел во Природонаучниот музеј во Северна Каролина. Новооткриениот вид им припаѓа на сауроподморфите, далечни предци на џиновски сауроподи со долг врат, како што е брахиосаурусот. Достигнувал височина од 100 сантиметри и тежел околу 30 килограми.
On today’s did you know
Africa's oldest dinosaur found in Zimbabwe. Scientists in Zimbabwe have discovered the remains of Africa's oldest dinosaur, which roamed the earth around 230 million years ago. pic.twitter.com/TM9ey5QEst
— C H I E F (@CalvinTeddy) September 6, 2022