На медиумскиот настан наречен Far Out, беа претставени новите iPhone 14 и iPhone 14 Pro модели, освежените AirPods Pro слушалки, а Apple Watch серијата доби три нови модели.
Еден од најпопуларните настани секоја година е секако есенската презентацјата на Apple, на која компанијата ги претставува своите нови iPhone модели. И оваа година, директно од Купертино, компанијата претстави нови производи со кои меѓу нив секако се најочекуваните нови модели од серијата iPhone.
iPhone 14 i iPhone 14 Plus
iPhone 14 има ист дизајн како iPhone 13 со 6,1 инчен екран, додека iPhone 14 Plus се одликува со Super Retina XDR 6,7-инчен екран. Имаат керамички штит, алуминиумско куќиште, но и подобра батерија од претходната генерација.
iPhone 14 и iPhone 14 Plus го маат истиот A15 Bionic како и iPhone 13 серијата, со малку засилен графички процесор.
Камери
iPhone 14 моделите остануваат на две камери, без многу подобрување, барем на хартија. Главната камера има 12 MP со поголем сензор и 1,9 um пиксели, отвор на бленда f/1,5, велат дека има 49% поодбри ноќни фотографии, но и побрз ноќен режим. Поседува и втора широкоаголна камера, која не беше објаснета подетално, бидејќи веројатно не е променета. Променета е предната True depth камера, а селфи камерата има систем за автофокус, за прв пат кај iPhone уредите.
Deep Fusion системот треба дополнително да ги зајакне перформансите при слаба осветленост користејќи машинско учење и се применува на сите камери на телефонот. Apple споменува подобри бои и многу повеќе светлина, што значи многу повеќе детали.
Подобрена е и стабилизацијата при снимањето видео записи. Режимот на акција обезбедува стабилизација слична на гимбал.
Сателитска комуникација и детекција на судири
Функцијата детекцијата на судири (crash detection) од новите часовници е имплементирана и на iPhone, а има и сателитска комуникација, опција која пред некој ден ја видовме кај Huawei Mate 50 серијата. Се работи за многу корисна опција. Оваа конекција е возможна кога телефонот е вперен кон сателитот и останува насочен кон него. Ова овозможува испраќање кратки пораки од 15 секунди при јасен поглед на небото. Ова може да потрае неколку минути во случај времето да биде лошо. Системот има предефинирани опции за испраќање пораки, за да можете да испраќате итни пораки што е можно поскоро, во случај да се случи нешто што бара брза комуникација.
Оваа опција започнува во ноември во САД и Канада, а е бесплатна две години за сите iPhone 14 уреди.
Кај новите iPhone модели, имплементирана е можноста за додавање на повеќе eSIM картички, која конкуренцијата ја поддржува веќе неколку години. Ова е нагласено затоа што има модели на iPhone без физички слот за SIM картичка.
iPhone 14 моделот ќе чини од 799 долари, како и iPhone 13 минатата година. Plus моделот почнува од 899 долари. Нарачките започнуваат на 9 септември, а продажбата ќе почне на 16 септември (iPhone 14) и 7 октомври (iPhone 14 Plus).