Откако криптовалутите се здобија со голема популарност, постојат и такви кои инвестираа малку и остварија голем профит, но и такви кои инвестираа многу (надевајќи се на уште поголема добивка) и изгубија речиси сè.
По правило, оние кои беа подготвени да инвестираат на самиот почеток остварија повеќемилионски приходи. Еден од нив е Лирон Шапира, кој на самиот почеток инвестираше 10 илјади долари во берзата и менувачницата на криптовалути Coinbase. Овој 34-годишен бизнис ангел заработил огромни шест милиони долари од таа работа.
Но, се чини дека љубовта меѓу Шапира и криптовалутите заврши. Во интервју за Insider, Шапира го нападна целиот свет на криптовалути, нарекувајќи го „целосно безвреден“ и додаде дека „сето тоа треба да се затвори“.
Интересен став од некој кој заработил милиони во овој криптосвет. Сепак, светот на криптовалутите што Шапира би сакал да го затвори е сосема поинаков од оној во кој влезе со десет илјади долари.
Многу луѓе на Твитер ме обвинуваат дека сум завидлив бидејќи ја пропуштив можноста. Но, тоа не е така. Ја искористив можноста, само мислам дека целиот крипто свет не е во право, изјави Шапира за Инсајдер.
„Се што се случи е што имав среќа и навреме излегов од измамата Понзи“, изјави Шапира.
Тој на Твитер појасни дека многу „инвеститори“ во биткоини и други пирамидални измами изгубиле пари.
„Не треба да славиме профитирање од туѓа загуба, напиша тој на Твитер и додаде: Никогаш не сум ги мразел криптовалутите, бидејќи немам емоции кон тоа. Сè што правам е да предвидам која технологија ќе биде ветувачка. Ако сè уште мислев дека тоа е крипто, и натаму би се обложил на него. Но, во моментов, сите мои облози се на колапс на крипто-пазарот.