TAG Heuer и Porsche се две моќни имиња во својата категорија. Часовниците и автомобилите секогаш одат рака под рака за луѓето кои вистински знаат да уживаат и да го живеат животот.
Клиентите на „Божиновски часовници и накит“ и Porsche Македонија имаа ексклузивна можност од прва рака да ја почувствуваат моќта која се создава кога ќе направат заедничка соработка два моќни бренда од врвот во својата дејност.
За подобро да ја разберат соработката помеѓу двата бренда клиентите имаа можност детално да се запознаат со совршените механизми на автомобилите и часовниците и да уживаат во тест возење од Скопје до винаријата „Лазар“.
„Ако е потребно да дефинираме што точно значи „совршен спој“ тогаш можеби најдобро е да извозиме неколку километри со рацете на волан од Porsche и часовникот TAG HeuerCarrera X Porsche – лимитирана ексклузивна верзија на часовници кои македонската јавност имаше можност за првпат да ги запознае. Часовникот со својот уникатен дизајн, бои и механизам е креиран идеално да се вклопува во амбиентот на Porsche автомобилот комплетирајќи ја приказната за пасионираност на личноста зад воланот“, велат од Божиновски часовници и накит.
Часовникот е дел од специјална колекција и во „Божиновски часовници и накит“ ќе биде изложен на ограничен временски период. Повеќе информации и резервации на CARRERA PORSCHE CHRONOGRAPH 44 како и на другите TAG Heuer часовници можат да се направат и на .
Погледнете го видеото и фото галеријата од заедничката презентација на Porsche Македонија и „Божиновски часовници и накит“