Компанијата Electronic Arts е решена да се бори против гејмерите кои мамат, па затоа разви нов anti-cheat систем на ниво на кернел кој ќе дебитира со претстојната игра FIFA 23, која ќе се појави на пазарот на 30 септември.
Според EA, потегот бил неопходен за да се „обезбеди фер игра“ и да им се нанесе удар на cheats за PC, кои сè повеќе прават експлоатација на ниво на кернел што anti-cheat алатките на ниво на OS не можат да ги детектираат.
Во својот блог, вишиот директор за безбедност на игри и заштита од измами на EA, Елис Марфи, напиша дека компанијата го развила EA AntiCheat (EAAC) бидејќи „anti-cheat решенијата од трети страни често ги спречуваат тимовите на компанијата да имплементираат дополнителни контроли за приватност или поставки кои нудат поголема прецизност и грануларност за режимите на игра специфични за EA“.
EAAC нема да се користи за сите игри на EA, но издавачот тврди дека тоа е неопходно за конкурентни наслови фокусирани на мрежата, како што е FIFA 23. Овогодинешното издание на играта вклучува поддршка за cross-play.
Компанијата би можела да користи поинаков пристап за игри без рангирање и конкурентен систем. Значи, не би било изненадување ако EA користи EAAC за игри како Apex Legends.
Алатката би била активна само кога ќе почне да работи EAAC игра, а отстранувањето на сите EA игри ќе го отстрани и EAAC. Оваа алатка може да се отстрани и рачно, но во тој случај FIFA 23 нема да биде функционална. Марфи рече дека EAAC ќе има незначително влијание врз играта, така што не треба да има деградација на перформансите.
EAAC ќе ги провери само потребните фајлови за заштита од измами. Податоците од историјата на прелистување нема да се собираат, ниту апликациите што не се поврзани со игрите на EA.
Riot и Activision користат слични алатки и за игрите Valorant, Call of Duty: Vanguard и Call of Duty: Warzone.