Дизајнот на најмоќните процесори на Apple за потребите на креирање на сопствени производи е во голема мера се прилагодува на преминот кон понапреден производствен процес. Поточно, Apple планира новата генерација чипови развиени со сопствени сили и за специфични потреби, прилагодени на уредите и софтверот на компанијата, да ја префрли на 3nm технологија.
Минатата година, компанијата TSMC го претстави својот нов 4-нанометарски процес (N4), а подоцна оваа година компанијата ќе ги објави првите чипови произведени во 3-нанометарски процес (N3). Четири нанометарскиот процес процес се очекува да биде користен за производство на чипови за некои од претстојните таблет уреди на Apple, кои треба да бидат претставени во октомври.
Следното големо подобрување на сопствените чипови на Apple, сепак, ќе го користи подобрениот 3nm процес N3E. Ќе бидат постигнати повисоки перформанси и ефикасност, а истиот процес ќе се користи и за производство на мобилниот чипсет A17 Bionic. Овој чипсет ќе почне да се произведува во втората половина на следната година.
Новите A16 Bionic чипови кои се наоѓаат во iPhone 14 Pro и iPhone 14 Pro Max користат процес од 4 нанометри (N4), a следната генерација на Mac чипови (M3) исто така се очекува да користат N3E.