Минатата недела, дојавувачот Ice Universe ги откри точните димензии на Galaxy S23 серијата телефони, кои ќе бидат за дел од милиметар подолги и пошироки од S22 серијата. Сега знаеме што е причината за тоа зголемување.
Според инсајдерот, дополнителното зголемување од 0,3 милиметри кај Galaxy S23 моделите ќе се одрази и на зголемувањето на рамката околу екранот. Тоа зголемување ќе изнесува околу 0,15 милиметри од сите страни околу дисплејот, кој ќе ја задржи големината од 6,1 инчи
Galaxy S23+ е за 0,4 милиметри подолг и поширок од неговиот претходник, што ќе се одрази со зголемување на рамките за 0,2 милиметри (екранот на овој модел исто така ќе ја задржи големината од 6,6 инчи).
Small difference between S22 and S23, Samsung widened all four bezels for the S23 by 0.15mm, it looks bulkier than the S22, I can't understand why Samsung does this, I have to again suspect that there is a spy inside Samsung. pic.twitter.com/KwdelDbHrF
— Ice universe (@UniverseIce) September 15, 2022
Galaxy S23 Ultra е исто така малку поголем од својот претходник (+0,1mm должина и +0,2mm ширина), па за него се очекува истата судбина како кај горенаведените модели.
Претходните извештаи сугерираа дека дизајнот, дисплејот, камерите и сензорот за отпечатоци на Galaxy S23 и Galaxy S23+ ќе останат исти како нивните претходници. Смартфоните од новата серија, како и Samsung Galaxy S23 Ultra, ќе ги покренува Qualcomm Snapdragon 8 Gen 2 чипсет.