Доколку имате компјутер со вградена Wi-Fi картичка, но имате проблеми со квалитетот на сигналот и безжичниот интернет поради лошата антена која има слаб прием, новиот ASRock монитор и нивната практично премиера на овој дел од пазарот, може да ви го олесни животот и посебно гејмингот, бидејќи во него е интегрирана антена од 7 dBi која може да се поврзе и да се користи на компјутерот.
ASRock тврди дека PG34WQ15R2B има ултра ниско време на одзив од 1ms и вертикална стапка на освежување од 165Hz. Поддржува HDR 400, FreeSync и други технологии кои сега се „де факто“ стандард на модерните гејмерски монитори. Користи Display Port 1.4 и двојни HDMI 2.0 интерфејси за поврзување со компјутерите. Има VA панел и осветлување од 550 нита, додека прикажува резолуција од 3440×1440 пиксели.
Секако најинтересниот факт е дека се работи за првиот гејмерски монитор со вградена Wi-Fi антена за подобрување на безжичниот прием и со тоа намалување на „заостанувањето“ за време на играњето со помош на безжична интернет конекција. Цената изнесува околу 430 евра.