Соединетите Американски Држави се во голема енергетска и еколошка офанзива, поради што нарачаа студија за предностите и предизвиците во процесот на претворање на старите или деактивирани електрани на јаглен во нуклеарни централи.
Американското Министерство за енергетика е еден од клучните лостови на американската влада преку кој администрацијата на Бајден сака да поттикне голем премин на енергија од чисти и обновливи извори. Оваа недела видовме како покренаа план за инвестирање во нови офшор ветерни електрани, а во исто време Министерството излезе во јавност и со студија која за нив ја изработија неколку научници од областа на енергетиката.
Студијата e насловена „Истражување на придобивките и предизвиците од претворањето на пензионираните електрани на јаглен во нуклеарни централи“. Владата вели дека проектот на затворање на термоцентралите на јаглен и нивно префрлање на нуклеарна енергија ќе има позитивен ефект врз вработувањето, ќе ја зголеми економската благосостојба на земјата, а ќе има и значително позитивно влијание врз животната средина. Дополнително, ќе пласира многу повеќе „чиста“ енергија во електричната мрежа и ќе им помогне на САД да ја постигнат својата цел за постигнување нето нулти емисии на стакленички гасови до 2050 година.
Значи, што заклучи студијата? Истражувачите идентификуваа 157 деактивирани електрани на јаглен и 237 кои сè уште работат како потенцијални кандидати за пренамена во нуклеарни централи. Од нив, околу 80% се покажаа како добри кандидати за инсталирање на напредни фисисики реактори, со моќност помала од еден гигават. Процесот наречен C2N (coal to nuclear) транзиција има потенцијал да преземе 125 деактивирани електрани и да произведе до 64,8 GW електрична енергија во нив. За сеуште активните електрани, потенцијалот е 198,5 GW на 190 локации.
Позитивни ефекти
Користењето на постоечката инфраструктура за поставување нуклеарни реактори значително ги намалува трошоците за нивна инсталација. Заштедите можат да бидат меѓу 15 и 35%, покажува оваа студија, а тие првенствено се однесуваат на користење на електрични водови, трафостаници и системи за ладење, како и на друга придружна инфраструктура – згради, канцеларии и пристапни патишта.
🧵: COAL 🏭 TO NUCLEAR ⚛️?
New @ENERGY report finds hundreds of coal power plant sites could be converted to nuclear power plant sites—more than doubling U.S. nuclear capacity to more than 350 gigawatts. 1/5https://t.co/mG4CfI2AyK
— Office of Nuclear Energy (@GovNuclear) September 13, 2022
Авторите на студијата, која во целост можете да ја прочитате тука, ги анализираа техничките, економските и еколошките ефекти од овој процес на трансформација на електраните, па дури и направија студија на случај на избран регион со околу 78.000 жители. Таа покажа дека замената на електраните на јаглен со нуклеарни ќе донесе намалување на штетните емисии за 86%, што е споредливо со загадувањето на околу 500.000 автомобили. Вработеноста е зголемена за околу 650 постојани работни места, економското влијание изнесува 275 милиони долари годишно, а 92% повеќе даночни приходи би останале во локалната заедница, во споредба со старите термоелектрани.