Adobe објави дека ја купува компанијата Figma, во чија сопственост е популарната платформа за дизајнирање, за околу 20 милијарди долари во готовина и акции.
Според извештаите на Bloomberg, ова е најголемата аквизиција на Adobe досега. Компанијата се надева дека договорот ќе ја „забрза“ веб-креативноста и ќе ги направи услугите како што е пакетот Creative Cloud достапни на интернет. Може да се очекува и функциите за визуелно уредување на Adobe да го најдат својот пат до платформата Figma.
Компаниите очекуваат купувањето да заврши во 2023 година, доколку ги добијат сите потребни одобренија од регулаторите и акционерите. Ко-основачот и извршен директор на Figma, Дилан Филд ќе продолжи да ја води компанијата по официјалното завршување на аквизицијата. Тој ќе поднесе извештај до Дејвид Вадвани, кој е одговорен за глобалните операции на Adobe.
Hey there, @figma! Excited that you're joining us and bringing all sorts of new possibilities to the table. We look forward to the road ahead.
Key info: https://t.co/X5JzToAVqX https://t.co/9U1JZ0zypY
— Adobe XD (@AdobeXD) September 15, 2022
Филд нагласи дека Adobe е „длабоко посветен“ на одржување на Figma како автономна компанија. Засега „нема планови“ за промена на цените и ќе остане бесплѝтен за корисниците кои го користат за едукација. Додека Извршниот директор се надева дека ќе го искористи знаењето на Adobe за надградба, тој нагласи и дека употребата на Figma ќе продолжи како и досега.
Иако аквизицијата е огромна, не е изненадувачки со оглед на минатите потези на Adobe. Компанијата ја купи платформата за видео соработка Frame.io во 2021 година и на тој начин влезе во областа на веб-базирани алатки со понуда како што е Creative Cloud Express.