При изборот на телевизор често наидуваме на конфузија поради постоењето на голем број технологии за кои не сме сигурни што точно ни носат. Сè потешко е за просечниот купувач да го најде својот пат во морето од информации што понекогаш е збунувачки.
Токму поради оваа причина, решивме да ви го олесниме процесот на селекција и да ви ја претставиме новата ULED технологија, која се разликува од стандардната LED технологија, а ја имаат само Hisense телевизорите. Подолу ги откриваме основните разлики помеѓу двата поима, како и карактеристиките на кои мора да обрнете внимание при купувањето.
За разлика од традиционалните LED модели, сликата што ја гледате на ULED телевизорите е поживописна, поостра и подетална. ULED претставува напредна технологија за приказ на LED позадинско осветлување, како и управување со бои. Покрај општата оптимизација на овие параметри, има и можност за управување со зоналната осветленост, која е контролирана од локален алгоритам, а резултатот е оптимална слика со посветли бели и подлабоки црни. Благодарение на овие функции, севкупниот квалитет на она што го гледаме достигнува неверојатно ниво, а тоа го имаат и ULED телевизорите од категориите U7 и U8.
Центар на забавата
Покрај иновативната ULED технологија, овие телевизори имаат и низа други карактеристики кои ги прават еден од најпопуларните модели на пазарот, како што е паметниот оперативен систем VIDAA. Станува збор за платформа која создава персонализирана комбинација од најпопуларните содржини, со многу едноставно пребарување. Главната цел е корисниците максимално да уживаат во програмата што е избрана специјално за нив и да се препуштат на забавата.
Сеопфатниот звук на DOLBY ATMOS, кој е едно од најголемите подобрувања во однос на стереото, па дури и сараунд звук. Поради начинот на кој се движи низ просторијата, го носи врвното аудио искуство во вашиот дом и ве става во средината на акцијата без разлика дали гледате серија, играте игри или гледате натпревар во живо.
За Hisense телевизорите од категориите U7 и U8карактеристичен е и Hi-View Engine, кој претставува ексклузивно јадро и технологија управувана од вештачка интелигенција. Овозможува брза графичка обработка и ги прилагодува внатрешните параметри во реално време за да го оптимизира квалитетот на сликата и искуството при гледањето. Со помош на алгоритми за вештачка интелигенција, Hi-View Engine ја анализира, одделува и прилагодува секоја сцена посебно и секој пиксел во неа со уникатни карактеристики. Најдобриот квалитет и најострите движења се загарантирани.
Исто така, Quantum Dot Color ви дава шанса да го доживеете светот во повеќе бои. Сликите што ги гледате на екранот изгледаат речиси свежи и убави како и светот околу вас. На моменти навистина ќе се чувствувате како да сте на врвот на планина или како да сте на плажа и гледате бајковито зајдисонце.
Без оглед на тоа која програма ќе ја изберете, овие Hisense телевизори ќе ги направат драмите поемотивни, трилерите понапнати и ужасите пострашни. Ако следите фудбал, ќе се чувствувате како да сте на самиот стадион во најважните моменти од играта, а кога ќе играте филм, ќе ви биде како во вашата дневна соба да седат холивудски ѕвезди.