Компанијата Vivo досега не лансираше Pro+ модел во својата актуелна X80 серија паметни телефони од висока класа. Сепак, можно е ваков уред да се појави во идната X90 линија. Од дојавувачот Ice Universe дознаваме детали за неговиот развој.
Тој сподели дека vivo X90 Pro+ може да биде претставен во декември и дека ќе вклучува импресивни спецификации. Речиси сигурно се работи за објава за Кина, бидејќи серијата би требало да се појави на меѓународниот пазар дури следната година.
Get your money ready for the vivo X90 Pro+ in December, 1" main camera, new telephoto sensor, new telephoto algorithm, Snapdragon 8gen2+LPDDR5x+UFS4.0, new Samsung top E6 screen. @sondesix
— Ice universe (@UniverseIce) September 20, 2022
Според информациите, X90 Pro+ се чини дека вклучува сензор од 1-инч во главната камера, како и нов телефото објектив со специфичен алгоритам. Смартфонот ќе го користи и претстојниот чипсет Snapdragon 8 Gen 2.
Меѓу останатите спецификации, можеме да видиме и дека уредот ќе има LPDDR5X RAM, UFS 4.0 меморија и Samsung E6 AMOLED панел.