Одговорот е да. Технологијата и развојот на медицината, во последниве години направија сериозен и голем исчекор на полето на превенција, дијагностицирање, како и лекување на болестите. И не само тоа модерната медицина ги олеснува процесите во животот, бизнисот, вклучително и во примената на медицината кај пациентите. Преку напредокот на самата технологија, особено во здравствениот сектор се обезбеди побрз и посовремен третман за секој пациент.
За разлика од порано, денеска со развојот на науката се олесни и унапреди пристапот до здравствена заштита. Со вложувањето во обезбедување на најнови и современи медицински технологии се подобрува иначинот на работа во лабораториите. Тоа значи брзи испитувања и прецизни и точни резултати. Со помош на високата технологија се зголемува безбедноста на самите лаборатории поради нивото на ризик од опасни материи или процеси кои ги носи со себе оваа работа.
И во Македонија се отвораат ваков тип на лаборатории. Една од последните е отворањето на специјализираната лабораторија за генетски испитувања ГМ Лаб. Оваа лабораторија е опремена со високо квалитетна медицинска опрема која е во чекор со најсовремената технологија. Сите анализи се изведуваат во државата и времето на чекање е значително намалено. ГМ-Лаб нуди широк спектар на лабораториски анализи со висок квалитет и прецизност. Испитувањата што се реализираат во ГМ Лабораторија се темелат на модерната медицина и фармација, со што се поместува границата од лекување на болеста кон заштита и превенција за појава на истата.
Закажувањето на испитување се одвива телефонски, а пациентите можат да направат молекуларни и генетски испитувања од областа на кардиологија, педијатрија, гинекологија, онкологија, дерматологија, инфектологија и други.