Ако може да му се верува на познатиот Apple аналитичар, Марк Гурман, компанијата следната година планира да воведе нов начин на именување на своите паметни телефони. Доколку тоа се случи, брендот Pro Max ќе замине во историјата
Репортерот на Bloomberg и долгогодишен аналитичар на Apple, Марк Гурман, во својот нов билтен Power On објави дека Apple планира да воведе нов начин на именување на iPhone 15 серијата мобилни телефони. Според неговите информации, следниот Pro Max модел ќе биде преименуван во Ultra.
„Врз основа на претходните одлуки на Apple, следната година можеме да очекуваме освежен дизајн на iPhone, што се совпаѓа со преминувањето на USB-C и потенцијалната замена на моделот Pro Max со Ultra“, рече Гурман.
Имено, првиот Pro Max модел се појави во 2019 година. Станува збор за iPhone 11 Pro Max, кој донесе бројни новитети, меѓу кои и трета камера. Со оглед на тоа што производителите како Xiaomi и Samsung имаат Ultra модели веќе долго време, не е невообичаено што Apple исто така сака да ги украси своите најмоќни смартфони со ова име.
Иако iPhone 14 не е на пазарот ниту еден месец, се повеќе се шушка за iPhone 15. Покрај наводното преименување на моделот Pro Max, аналитичарите предвидуваат дека Dynamic Island би можел да биде дел од сите модели од iPhone 15 серија. Тука е и гореспоменатиот USB-C порта, за кој Гурман вели дека Apple веќе започнал со тестирање.