Неофицијалните рендери од претстојниот флегшип паметен телефон на Samsung откриваат една значајна промена во дизајнот во споредба со годинaшните модели Galaxy S22 и S22 Plus.
Смартфоните на рендерите го немаат познатиот испакнат модул за камерите, туку три истакнати објективи за камератата. Дизајнот е сличен на актуелниот Galaxy S22 Ultra, но има една камера помалку.
Инаку, спецификациите на Galaxy S23 и S23 Plus ќе бидат слични на оние на годинашните модели. S23 ќе користи екран од 6,1 инчи, додека S23 Plus ќе поседува поголем екран од 6,6 инчи. Двата уреди ќе имаат по три задни камери, но сè уште не се познати нивните спецификации.
И додека Galaxy S23 и S23 Plus најверојатно ќе бидат само мал чекор напред во споредба со сегашните модели, истото не може да се каже за Galaxy S23 Ultra, кој ќе има камера со многу повисока резолуција во споредба со S22 Ultra. Ова е новиот сензор на Samsung од 200 MP, кој би требало да креира подетални фотографии во споредба со сензорот од 108 MP.
Засега нема информации за датумот на пристигнување на новите уреди и нивните цени, но Samsung најчесто ги претставува флегшип моделите на почетокот на годината. Серијата S22 беше претставена во февруари, а серијата S21 во јануари. Тоа значи дека остануваат уште неколку месеци чекање за Galaxy S23, па во меѓувреме би можеле да се појават повеќе детали.
So #FutureSquad… Guess who brings you the very first and very early look at the much anticipated #Samsung #GalaxyS23Plus?! (360° video + stunning 5K renders + dimensions)
On behalf of @Smartprix 👉🏻 https://t.co/JHuOI4o393
You're welcome…😏 pic.twitter.com/JAYeFvyJk3
— Steve H.McFly (@OnLeaks) September 27, 2022