Xiaomi вчера во Кина претстави телефон сличен на iPhone 14 Pro. Притоа, мислиме на предниот дел на телефонот и „пилулата“ на врвот.
Значи, првата и главна продажна точка на овој телефон е дизајнот на предниот дел, кој се базира на iPhone 14 Pro. Пилулата која се наоѓа на горниот дел од екранот на овој телефон крие две предни камери.
Двете камери имаат сензори од 32 MP. Главниот сензор има поддршка за AF и отвор од f / 2.0, додека вториот е ултра широк сензор за групни селфи фотографии и нуди видно поле од 100 степени.
The new Xiaomi Civi 2
• Snapdragon 7 Gen 1
• 6.55 inch FHD+ 120hz Amoled Display
• 50/20/2 cameras
• 32mp main & 32mp Ultrawide front cameras
• 4500mah battery with 67w charging
• 8/12gb ram & 128/256gb storage$334 pic.twitter.com/yLYOoRJbAF
— Anthony (@TheGalox_) September 28, 2022
Civi 2 е првиот паметен телефон од Xiaomi кој има преден LED блиц. Овој блиц всушност има четири LED диоди, а Xiaomi вели дека може да дава реални бои во различни средини.
Екранот на телефонот е 6,55 инчи, Full HD+ резолуција. Стапката на освежување на екранот е 120 Hz. Екранот поддржува Dolby Vision, HDR10+ и DCI-P3 опсег на бои.
На задната страна, телефонот има правоаголен исечок во кој се наоѓа главниот сензор за камера од 50MP f/1.8 Sony IMX766, ултра широк сензор од 20MP со видно поле од 115 степени и макро сензор од 2MP f/2.4.
It's good to see Xiaomi's CIVI 2 camera cutout slim and tiny compare to iPhone 14 Pro camera island. 😍 pic.twitter.com/CRZyqbmTRb
— Xiaomi Update Philippines (@miupdateph) September 28, 2022
Во внатрешноста на смартфонот се крие батерија со капацитет од 4500mAh со поддршка за брзо полнење од 67W. Xiaomi Civi 2 го покренува Qualcomm Snapdragon 7 Gen 1 чипсет и доаѓа во три конфигурации на меморија – 8/128 GB, 8/256 GB и 12/256 GB.
Моделот ќе биде достапен во четири бои – бела, розова, сина и црна, а почетната цена на телефонот Xiaomi Civi 2 во Кина е околу 350 евра. Xiaomi не објави детали за интернационална достапност, но постои можност телефонот да пристигне на глобално ниво под друго име или бренд.