Прототипот на целосно електричен патнички авион за прв пат полета на пробен лет и со тоа постигна значителен успех во авијацијата без загадување со јаглерод.
Станува збор за мал патнички авион за девет патници Alice, кој полета од меѓународниот аеродром Грант Каунти во Вашингтон. Alice е понапреден од повеќето електрични авиони во развој и може да стане „првиот целосно нов целосно електричен комерцијален авион“ доколку Федералната управа за авијација издаде сертификат за превоз на патници.
САД се обидуваат да го решат проблемот со загадувањето и глобалното затоплување, што ги вклучува и емисиите во авијацијата. Целосно електричните авиони како Alice потенцијално би можеле да го решат проблемот со загадувањето на летовите на кратки релации помеѓу малите регионални аеродроми.
Авионот е развиен од компанијата Eviation од Вашингтон, а дизајниран е за патнички и карго летови долги меѓу 240 и 400 километри. Таа должина одговара на растојанието помеѓу Њујорк и Бостон, или Лос Анџелес и Лас Вегас.
Take-off 7:10 a.m.
Alice is flying pic.twitter.com/V7sIpPGfpB— Dominic Gates (@dominicgates) September 27, 2022
Пробниот лет траел само осум минути, а авионот достигнал висина од 1.000 метри. Целта на летот беше да се соберат податоци за да се подобри дизајнот на авионот, кој сè уште е на долг развојен пат пред да ги земе првите патници.
Alice ќе се произведува во три конфигурации, како патнички авион за девет патници, луксузен авон за шест лица и како е-карго верзија. За да ги направи поголемите авиони помалку загадувачки, администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден се фокусира на одржливи горива за авијација што би можеле да се произведуваат од пченка или дури и од комунален отпад.
Еден од предизвиците е дефинитивно технологијата на батерии. Батериите можат да го напојуваат авионот со обновлива енергија наместо со конвенционална енергија, но батериите се многу тешки, така што и ефикасноста е намалена. Покрај тоа, батериите немаат доволно енергија за подолги летови, а има и безбедносни проблеми бидејќи литиум-јонските батерии може неконтролирано да се загреваат и да се запалат.
Кога се ќе се земе предвид, јасно е дека експертите на Eviation ги чекаат години работа и тестови, така што Alice би почнал да се користи дури во 2027 година.