Компанијата HMD Global пред околу еден месец, претстави неколку Nokia паметни телефони на IFA 2022 во Берлин. Еден од нив сега пристигна и на европскиот пазар. Станува збор за телефонот Nokia X30 5G. Доаѓа во сина и мраз бела и во две мемориски конфигурации.
Nokia X30 5G е опремен со 6,43-инчен AMOLED екран со резолуција од 1080 x 2400 пиксели. Стапката на освежување на екранот е 90 Hz, а максималната осветленост изнесува 450 нита. Екранот е заштитен со Gorilla Glass Victus заштита, а под него е скриен скенер за отпечатоци.
На задната страна, овој смартфон има два сензори за камера. Главниот сензор е 50 MP f/1,8 со поддршка за OIS, додека вториот е ултраширок сензор од 13 MP (f/2,4) со видно поле од 123 степени. Овие камери заедно со LED блицот се сместени во заоблен правоаголен исечок. Однапред се наоѓа селфи камера со сензор од 16 MP, која се наоѓа во отворот на горниот дел од екранот.
Смартфонот има батерија од 4200 mAh која поддржува брзо полнење од 33 W и се полни преку USB 3.0.
Телефонот Nokia X30 5G го покренува чип на американската компанија Qualcomm – Snapdragon 695, кој доаѓа во комбинација со 6 GB или 8 GB работна меморија (RAM) и 128 GB или 256 GB внатрешен простор за складирање. Телефонот се испорачува со Android 12, а HMD Global посочи дека ќе добие три големи надградби на Android, што секако е нешто за пофалба. Уредот има и IP67 сертификат.
Цената на Nokia X30 5G во Европа е 519 евра за верзијата со 6/128 GB и 549 евра за верзијата со 8/256 GB.