Кварталниот приход на Meta падна за прв пат во историјата, а сега компанијата бара начин да ги зголеми бројките и да ја врати насмевката на лицата на инвеститорите.
Една од стратегиите за раст на приходите е обидот да се извлечат повеќе пари од Instagram, така што рекламите ќе се појавуваат во повеќе сегменти на апликацијата, вклучително и делот Explore и фисот на објави на корисничките профили.
Брендовите сега можат да поставуваат реклами во активноста на Explore, но рекламите во фидовите на профилите сè уште се во фаза на тестирање. Компанијата ќе им понуди на некои од креаторите шанса да заработат дел од приходите од рекламите што ќе се појават во фидовите на нивните профили.
Meta објави низа други вести поврзани со рекламирањето, кои ќе имаат влијание и на Instagram. Компанијата ќе ги тестира рекламите за AR во фидот и приказните, а брендовите би можеле да ги користат за да им дозволат на луѓето виртуелно да „тестираат“ мебел во нивните домови или да погледнат одблизу на автомобилот.
Исто така, експериментира со нови формати на реклами во Facebook и Instagram Reels, кои го вклучуваат форматот „пост-луп“, реклами кои траат меѓу четири и 10 секунди и се прикажуваат по reels и може да се прескокнат. По завршувањето на рекламата, reels видеото ќе почне повторно. Компанијата тестира и рекламни карусели со фотографии, кои ќе се наоѓаат на дното на Facebook Reels. Покрај тоа, брендовите ќе имаат пристап до бесплатна музичка библиотека за користење во рекламите на Reels.
Што се однесува до бројот на реклами што корисниците всушност ќе ги видат, тој може да биде различен за секоја личност. Можеби ќе ги видат, можеби не, но дефинитивно ќе се појавуваат на местата на кои не биле претходно.
„Бројот на реклами на платформата варира во зависност од тоа како луѓето го користат Instagram. Ние внимателно го следиме расположението на луѓето, како за рекламите, така и за целокупната комерцијалност“, изјави портпаролот на Instagram за Engadget.
Изгледа дека Метс не размислува за фактот дека некои луѓе не сакаат да гледаат реклами.