Според извори на Financial Times, компанијата Huawei работи на паметни телефони со можности за 5G, кои може да ги објави уште следната година и покрај наметнатите санкциите од САД. Поради тоа не може да ги користи американски технологии во своите 5G уреди, но компанијата развива стратегија за заобиколување на ограничувањата.
Два извора тврдат дека еден од пристапите на Huawei е да создаде паметен телефон кој не ги вклучува забранетите помодерни чипови, а наместо тоа да се потпира на постари чипови од кинески производители, кои ќе обезбедат пристап до 5G конекција.
Другиот пристап што го разгледува Huawei е учеството во создавањето футрола за телефон која додава можности за 5G. Има повеќе такви производи, вклучувајќи ја и кинеската Soyea Technology, која има модел со eSIM модул. China Telecom ја продава дури и Mate 50 серијата со таква футрола, а Soyea има додатоци и за P50 Pro.