Acer има нов преносен компјутер во рамките на својата серија Swift. Станува збор за Acer Swift Edge, кој според компанијата е најлесниот лаптоп со 16-инчен екран со OLED екран. Основата на моделот е процесорот AMD Ryzen 6000.
Лаптопот е наменет за професионалци кои работат во движење, а во тоа помага малата тежина од 1,17 кг, а дебелината изнесува 12,95 мм. Куќиштето е направено од легура на магнезиум, а OLED панелот има резолуција од 4K (3840 x 2400 пиксели), осветленост од 500 нита и поддршка за HDR. Дополнително, дисплејот се одликува со покриеност од 100 проценри на DCI-P3 опсегот на бои.
Изборот на процесор е помеѓу Ryzen 7 Pro 6850U, Ryzen 7 6800U, Ryzen 5 Pro 6650U или Ryzen 5 6600U. Системската меморија достигнува до 32 GB RAM, а просторот за фајлови е 1 TB. Оперативниот систем е Windows 11 Home или Windows 11 Pro. Процесорот Microsoft Pluto, исто така, ќе биде испорачан за подобрено шифрирање и заштита на податоците.
Компјутерот е достапно со многу портови, вклучувајќи HDMI 2.1, 2 x USB 3.2 Gen 2 Type-C, 2 x USB Type-A и приклучок за слушалки. Селфи камерата е со резолуција од 1080p. Моделот ќе се нуди по цена од 1499 долари во САД.
Извор: Acer