Легендарното куче Снупи од познатиот цртан филм долго време е дел од NASA, а сега ќе патува во вселената за посебна задача.
NASA е основана во 1958 година, осум години по појавата на Снупи. Соработката со креаторите на Снупи и вселенската агенција почна десет години по неговото основање, а трае до денес.
Пред 50 години Снупи беше заштитно име на безбедносната Apollo кампања на NASA, а денес астронаутите ја подаруваат наградата на други вработени на НАСА како знак на успешна и безбедна мисија.
Но, Снупи сега се подготвува за мисијата Artemis 1 која подразбира лет околу Месечината. Играчката, направена од плиш и картон, ќе има и друштво. Тоа е маскотата на Европската вселенска агенција, овцата Шон.
Не е прв пат Снупи да замине во вселената како индикатор на нулта гравитација, а тоа е термин што се употребува за играчки кои се користат во вселената за илустрирање на фактот дека и астронаутите и товарот доживуваат бестежинска состојба.
Во случајот на Artemis 1, Снупи ќе патува подолго од порано. Се очекува лансирањето да биде наредниот месец, досега има три безуспешни обиди за полетување.
Ракетата SLS на NASA ќе ја понесе капсулата Orion заедно со снупи и овцата Шон на патување кон Месечината и назад. Во текот на мисијата нема да има човечки екипаж, а ќе бидат поставени камери во капсулата со што инженерите ќе моажт да видат ако Снупи и Шон лебдат.