Американската Национална воздушно-вселенска администрација – NASA потврди дека успешно го сменила движењето на астероидот Диморфос. Ова е прва успешна мисија во која луѓето го смениле движењето на небесен објект во Вселената.
Според NASA, намерниот судир се случил во „клучен миг“ за човекот.
На 26 септември, вселенското летало на НАСА намерно удри во астероидот во обид да ја смени неговата траекторија. Тестот за пренасочување на двојниот астероид (проектот насловен DART) беше прва пробна мисија од ваков вид.
This just in: The #DARTmission impact is confirmed to have changed the orbit of moonlet Dimorphos around its asteroid Didymos.
For the first time ever, humans changed the motion of a celestial object. More details: https://t.co/aQj8N7fnuV pic.twitter.com/NLR6AqEcaO
— NASA (@NASA) October 11, 2022
Инаку, нема „познати закани од астероиди на Земјата“, според NASA, што и нагласи дека мисијата е само тест. Анализата на податоците покажала дека патеката на Диморфос околу неговиот поголем „родител-астероид“ Дидимос, била изменета за 32 минути (дел од степенот на ротација), што го прави тестот успешен.
„Првпат досега, човештвото ја промени орбитата на планетарно тело“, изјави научникот на NASA, Лори Глејз.
Администраторот на NASA, Бил Нелсон пак, во соопштението рече дека „сите ние имаме одговорност“ да ја заштитиме нашата планета.
„Оваа мисија покажува дека NASA се обидува да биде подготвена за што и да „ни фрли“ универзумот… Ова е клучен миг за планетарната одбрана и на целото човештво“, нагласи Нелсон.
NASA ја основа Канцеларијата за координација за планетарна одбрана (КОПО) во 2016 година, заради рано откривање закани од тн. „објект близу Земјата“ (NEO) со големина доволно голема – почнувајќи од околу 30 до 50 метри, да ја оштети површината на Земјата и заради следење на нивните патеки. Астрономите во мигов не знаат за NEO кое би можело да ја загрози Земјата, но ударот на астероидот што пред околу 66 милиони години оставил огромен кратер на полуостровот Јукатан во Мексико, според научните претпоставки, довел до исчезнување на диносаурусите.