Октомври моментно е најголемиот месец за хакирање во 2022 година, објави Chainalysis.
Криптовалутите можеби доживеаја потоп во 2022 година, но сепак остануваат дигитален банкомат за една моќна група – хакери.
Само во октомври, досега се украдени најмалку 718 милиони долари во криптовалути, а ако се соберат сите кражби на криптовалути во тековната година, износот надминува 3 милијарди долари. Ова ја става 2022 година на вистинскиот пат да биде рекордна година за кражби на криптовалути, истакнуваат од компанијата Chainalysis Inc., кои се експерти за блокчејн технологија.
Повеќето од целите на хакерите се таканаречените протоколи за децентрализирано финансирање или DeFi, кои користат софтверски алгоритми за да им овозможат на крипто-инвеститорите тргување, позајмувавање и позајмување во дигиталните книги без користење на централен посредник.
Хакерите станаа вешти во искористување на слабостите во безбедноста, кодирањето и структурата на DeFi пазарот. Имајќи предвид дека DeFi се рекламира како важен за усвојување криптовалути, овој факт става дополнителен товар за изнаоѓање решение за овој проблем.
2/ At this rate, 2022 will likely surpass 2021 as the biggest year for hacking on record. So far, hackers have grossed over $3 billion dollars across 125 hacks. pic.twitter.com/vgT3pz2iOu
— Chainalysis (@chainalysis) October 12, 2022
Октомври моментно е најголемиот месец за хакирање во 2022 година, објави Chainalysis на Twitter, додавајќи дека мостовите меѓу блокчејните се исто така голема ранливост.
Два големи хакерски грабежи го потресоа крипто-секторот во последните неколку дена.
Првиот беше грабеж во кој хакер одзеде околу 100 милиони долари од DeFi услугата Mango, манипулирајќи со цената на неговиот токен. Притоа, сторителот ги избриша штедачите на таа платформа.
Минатата недела хакери украдоа два милиони Binance монети, вредни речиси 570 милиони долари. Околу 100 милиони долари од таа сума не се вратени, додека остатокот е замрзнат, се наведува во соопштението на крипто-берзата Binance.
DeFi платформите станаа честа цел на државно спонзорирани хакирања. Претходно оваа година, Chainalysis процени дека групите поврзани со Северна Кореја украле околу 1 милијарда долари криптовалути од DeFi протоколот .