AirTag се користи за следење и пронаоѓање изгубени предмети, но се повеќе се користи за следење на луѓето кои страдаат од деменција.
AirTag на Apple е мал гаџет дизајниран да им овозможи на корисниците да ги следат нивните предмети, односно да ги најдат во случај на нивно губење. На почетокот, AirTag се покажа како доста сигурен уред на кој навистина можете да се потпрете во случај да ги изгубите клучевите, паричникот и слично, но се покажа дека AirTag може да се користи и за следење на луѓе, а забележан е дури и случај на убиство поврзано со следење на лице преку гаџетот.
Но, освен за пронаоѓање изгубени и украдени работи, AirTag се повеќе се користи за следење и пронаоѓање лица со деменција. Иако постојат можности за следење на луѓето преку мобилни телефони, во пракса се покажа дека овие луѓе понекогаш ги забораваат телефоните дома. Но, затоа многу поретко ги забораваат клучевите и паричниците, а овој уред може да се постави на нив.
Исто така, уште еден „плус“ за AirTag е неговата цена од само 29 долари, што го прави многу поевтин од некои други достапни решенија. Но, како што истакнаа на Fox Business, ова изгледа како етички сомнителен метод бидејќи многу луѓе не сакаат да бидат следени, дури и кога намерите се добри, односно ако таквото следење може да им помогне да пронајдат луѓе кои може да се изгубат.
Како што нагласи Џозеф Гоглер од Факултетот за јавно здравје на Универзитетот во Минесота, само затоа што на некој му е дијагностицирана деменција, не значи дека таа личност не може сама да донесува одлуки за себе. Гоглер верува дека тие треба да бидат прашани дали се согласуваат да бидат следени преку AirTag.