Како и во речиси сите традиционални автомобилски компании, и Mercedes иднината на овој пазар ја гледа во електрификацијата.
Пред светот, а посебно Европа е исклучително предизвикувачки период, особено кога станува збор за енергетиката. Покрај тоа што цените на енергетските производи дивеат и со тоа ги влечат цените на сите други производи, прашање е дали ќе има доволно гас за потребите на домаќинствата и индустријата. Земјите од ЕУ веќе презедоа одредени мерки за штедење, за кои се надеваат дека ќе бидат доволни, но иако ситуацијата секако не е сјајна, енергетската криза сепак би можела да има одредени придобивки на долг рок.
Така барем мисли извршниот директор на Mercedes-Benz, Ола Калениус во интервју за CNN, објаснувајќи како неговата компанија се справува со бројните енергетски предизвици. Поради актуелната ситуација, Mercedes-Benz одлучи да ја намали потрошувачката на природен гас во своите фабрики во Германија за околу 50 отсто, но и покрај ова, верува дека ќе успее да го одржи планираното производство.
Компанијата тоа планира да го направи со префрлање на други извори на енергија, а вели дека и покрај сите предизвици одржува силна позиција на овој пазар. Што се однесува до долгорочната состојба, тој смета дека оваа криза ќе биде катализатор за побрзи промени кон обновливите извори на енергија. Така, најавија изградба на ветерна електрана која треба да им обезбеди повеќе од 15 отсто од енергетските потреби во Германија. Мercedes потпиша и договори за користење на енергија од ветерни електрани од Балтичкото Море, што треба да исполни околу една четвртина од нивните енергетски потреби.
Калениус нагласи дека навреме ја препознале ситуацијата, па поради претпазливост нарачале и складирале одредени делови од возилата за чие производство е потребен природен гас, во случај да се оствари некое од негативните, но потенцијално можни сценарија за недостиг на гас во текот на зимата. .
Секако, како и речиси сите традиционални автомобилски компании, и Mercedes иднината на овој пазар ја гледа во електрификацијата и верува дека половина од нивните продадени автомобили ќе имаат електромотори до 2025 година, додека до 2030 година треба целосно да се префрлат само на електрична енергија. За да успеат во овој план, годинава најавија масовни инвестиции од дури 60 милијарди евра во „иднина без емисии на стакленички гасови“ до 2026 година.