Motorola неодамна во Кина го претстави својот нов смартфон на преклопување Razr 2022. И додека сè уште го чекаме неговото меѓународно деби, новите податоци сугерираат дека компанијата би можела да објави два модели на преклоп следната година.
Информациите доаѓаат од дојавувачот @evleaks, кој укажува дека уредите ќе бидат со кодно име Juno и Venus. За потсетување, Razr 2022 е со кодно име Maven.
There are gonna be two RAZRs next year: one codenamed Juno, and the other Venus. (The one about to launch, a.k.a. razr 22, is Maven.)
— Evan Blass (@evleaks) October 19, 2022
Juno би можел да има чипсет Snapdragon 8+ Gen 1 и дисплеј од 144 Hz, а се чини дека ќе биде наследник на новиот Razr. Во моментов нема детали за Venus.
Меѓу другите смартфони кои Motorola ги планира за следната година се Edge 40 и Edge 40 Pro, кои се со кодно име Bronco и Canyon. Тие најверојатно ќе ги покренуваат Snapdragon 8+ Gen 1 или Snapdragon 8 Gen 2 чипсетите.