Зумирана фотографија од лице на мравка, која беше дел од натпреварот Nikon Small World Photomicrography, може да ве изненади.
Направена е од литванскиот фотограф Еугенијус Кавалиаускас. Целта на овој натпревар е да се прикажат детали кои човечкото око не може да ги види.
Така, Евгениј решил да го зголеми лицето на мравката петпати под микроскоп. Многумина ќе се согласат дека фотографијата е застрашувачка.
This ant’s face is giving me nightmares.
It’s a magnified view of an ant's face which was honored as an image of distinction in Nikon's 2022 Small World photo contest.
Source: Eugenijus Kavaliauskas/Nikon Small World pic.twitter.com/BgGnQJ7a9N
— Natasha Tynes 🇯🇴🇺🇸 (@NatashaTynes) October 19, 2022
Во интервју за магазинот Insider, фотографот вели дека оваа задача не му била тешка бидејќи живее во близина на шума.
„Главната цел на фотографирањето е истражување. Фасциниран сум од божјите ремек-дела и можноста да ги набљудувам. Кога првпат влегов во светот на микрофотографијата, мислев дека сите инсекти изгледаат малку како чудовишта, но во меѓувреме се навикнав на тоа“, додаде тој.
Сепак, тој не успеа да ја освои главната награда на споменатиот натпревар. Победници се Григориј Тимин и Мишел Милинкович, кои ја фотографираа раката на ембрион на џиновски дневен геко од Мадагаскар.