Уживањето во храната се смета за едно од најважните светски задоволства иако во суштина се работи за егзистенцијална потреба. Без разлика дали сакате да ги засукате ракавите во кујната или само да вкусите специјалитети кои се дело на другите, сите ние сме кулинарски експерти на некој начин со префинета и развиена палета на вкусови. Знаеме кои намирници и зачини најмногу нè радуваат и во кои комбинации на вкус уживаме, а во кои не. Сепак, колку и да сме хедонисти, сепак има некои основни работи за храната и готвењето каде што грешиме, затоа што вообичаено воопшто не ги преиспитуваме – тие звучат вистинити, па мора да се, нели?
Чили
Да го земеме чилито како пример. Се смета дека семките се најлутиот дел од оваа пиперка, поради што најчесто ги отстрануваме кога ја подготвуваме пиперката за готвење. Сепак, семките воопшто не се најлути. Тие всушност содржат мала количина на капсаицин, едно од неколкуте соединенија кои предизвикуваат чувство на топлина. Всушност, најголемиот дел од капсаицинот се наоѓа во белиот, сунѓерест дел околу семињата, во внатрешните мембрани и во помала мера во месестите делови на плодот.
Сол
Многумина веруваат дека со додавање сол, водата ќе зоврие побрзо, можеби поради шушкањето и клокотот што се појавува кога ќе додадете сол во тенџерето. Хемиски гледано, точно е дека солта ја зголемува точката на вриење, но сепак, количината на сол што се користи при готвењето е толку мала што нема да направи разлика во времето. Запомнете го ова следниот пат кога ќе се обидувате да зготвите голема чинија со тестенини што е можно побрзо!
Многумина се убедени дека солта е и многу нездрава за организмот. Но, на нашите тела им е потребна сол, и иако е вистина дека треба да ја контролираме количината на сол што ја јадеме, нашите тела го користат овој минерал за да ги балансираат течностите во нашата крв и да одржуваат здрав крвен притисок. Солта е неопходна и за нормално функционирање на нервите и мускулите.
Вкус
Постојат дури и заблуди за тоа како ги перцепираме вкусовите. Општо е верувањето дека различни делови од нашиот јазик откриваат различни вкусови. Но, науката ова го доведува во прашање, а истражувањата покажуваат дека сите делови на јазикот до одреден степен го чувствуваат секој вкус. Вкусот е исто така важен фактор кога возрасните пушачи одлучуваат да се префрлат од цигари на алтернативи без чад, а категоријата производи без чад, не е без заблуди. Многумина погрешно веруваат дека производите без чад и цигарите се подеднакво штетни и слични. Сепак, подобрите алтернативи за пушењето цигари не го согоруваат тутунот, со што не создаваат чад или пепел.
Поради тоа, тие имаат потенцијал значително да го намалат нивото на штетни материи во споредба со цигарите. Исто така, постои популарна заблуда дека сите производи без чад се исти, меѓутоа постојат многу иновативни производи достапни за возрасните пушачи. Овие производи им овозможуваат да изберат опција која одговара на нивните потреби и е подобра отколку да продолжат да пушат. Несомнено е дека најдобрата одлука што може да ја донесе секој пушач е целосно да се откаже од тутунот и никотинот, но многумина не се подготвени на овој чекор. Затоа е важно, оние кои инаку би продолжиле да пушат да знаат дека постојат подобри алтернативи од цигарите кои не произведуваат чад и затоа можат да ги намалат нивоата на штетни и потенцијално штетни материи во споредба со чадот од цигарите. Овие производи не се без ризик и содржат никотин, кој предизвикува зависност, но тие се подобар избор за возрасните отколку да продолжат со пушењето.
Лесно е да продолжите да додавате сол во водата со надеж дека ќе доведе до побрзо вриење, но подобро е да ги имате вистинските информации при рака за да можете да донесете информирана одлука за тоа што да правите. Без разлика дали се работи за кујна или тутунски производи – ќе имате корист доколку ги знаете фактите.