Пред појавата на ковидот оваа болест со децении беше најголем инвективен убиец со околу 1,5 милиони жртви годишно ширум светот.
По нешто повеќе од две години огромни напори на владите ширум светот, ковидот повеќе не е најголемиот глобален инвективен убиец. Сега повторно на неславниот трон се врати туберкулозата, што само покажува дека човештвото не вложува доволно напор во борбата против оваа болест, предупредуваат експертите.
Претседателот на непрофитната организација TB Alliance, д-р Мелвин Спигелман, го пофали големиот напор и напредок во борбата против пандемијата со коронавирусот Ковид-19, како воведувањето бројни превентивни мерки и развој на ефикасни вакцини, тестирања и третмани.
Нажалост, само дел од ваквиот напор се вложува во борбата против туберкулозата, истакнува д-р Спигелман.
Пред појавата на ковидот, туберкулозата со децении беше најголемиот инвективен убиец со околу 1,5 милиони жртви на годишно ниво ширум светот.
„Со зауздувањето на пандемијата и постепеното опаѓање на бројот на жртви од ковид, туберкулозата ја презеде својата неславна титула“, вели д-р Спигелман.
TB Alliance, која работи на развој и доизработка на што поефикасни е поевтини лекови против туберкулоза, го нагласува фактот што дневно од туберкулоза умираат во просек по 4.109 луѓе ширум светот.
Споредено со најновите бројки, од COVID-19 во претходниот месец во светот дневно умирале по 1.449 луѓе, покажуваат податоците од Универзитетот „Џон Хопкинс“ во Балтимор во американската сојузна држава Мериленд.
Туберкулоза е заразна болест која ја предизвикува бактерија која се вика Mycobacterium tuberculosis. Болеста најчесто се манифестира на белите дробови, но може да ги зафати и другите органи. Се пренесува преку ситни честички кои болниот ги искашлува во надворешната средина, па затоа е заразна само за пациенти со белодробна туберкулоза.