Telegram оваа година воведе платена Premium претплата која отклучува дополнителни функции за корисниците, што не му одговара на Apple, кој сака провизија за сите трансакции.
Извршниот директор Павел Дуров, во објава на Telegram изјави дека креаторите на платформата користеле услуги од трети страни за да продаваат пристап до одредени објави на нивните канали и заклучил дека Apple „не е задоволен од креаторите на содржини кои го монетизираат својот труд без да платат 30 отсто данок на Apple“, пренесува MacRumors.
Познато е дека Apple не дозволува користење на процесори за плаќање од трети страни во своите апликации и наплатува до 30 отсто провизија за секое купување во апликацијата, па овој „конфликт“ не е изненадувачки.
Дуров и претходно отворено го критикуваше Apple за строгите правила на App Store, бидејќи нивната апликација за iOS повеќе пати беше одбиена од Apple поради прекршување на некои од упатствата на компанијата.
Останува да видиме како сето тоа ќе заврши, ако Telegram инсистира на воведување платени објави без да плаќа провизија на App Store.
Кога Telegram неодамна ја претстави својата Premium претплата која им овозможува на корисниците пристап до ексклузивни функции, компанијата најде начин да го заобиколи правилото за провизија на Apple. Доколку претплатата е купена преку нивната веб-локација, која не подлежи на такси на Apple, би се добило попуст.
Telegram is testing pay to view posts?! pic.twitter.com/ZDI5xUpBkR
— Matt Navarra (@MattNavarra) October 27, 2022