Многу корисници на Instagram пријавиле дека имаат проблеми со своите профили, односно, оваа популарна социјална мрежа суспендирала многу корисници и нивните профили.
Една корисничка на Instagram го споделила своето искуство со апликацијата која наводно се руши.
Мојот профил на Instagram беше суспендиран без никаква причина, дури и без известување ми го отстранија профилот, напишала една корисничка на оваа социјална мрежа.
Како што наведуваат од Instagram, свесни за проблемот и работат на негово отстранување.
We're aware that some of you are having issues accessing your Instagram account. We're looking into it and apologize for the inconvenience. #instagramdown
— Instagram Comms (@InstagramComms) October 31, 2022