Вештачката интелигенција зад системот за генерирање содржини, автоматски преведувачи и слични услуги, во изведбата на Google во блиска иднина ќе се прилагоди на речиси сите главни јазици.
Google ја објави својата намера да создаде модел на вештачка интелигенција кој на крајот ќе му овозможи да ги нуди своите интернет услуги на 1.000 најчести јазици во светот.
„Замислете нов корисник во Африка кој зборува волоф (…) и кој го користи својот телефон за да дознае каде е најблиската аптека или на кој канал може да гледа натпревар од Африканскиот куп“, објасни Јохан Шалквик, инженер во компанијата.ж
„Тоа се ситуации кои ги земаме здраво за готово“, додаде тој, додавајќи дека таквите функционалности се далеку од достапни насекаде во светот. Шалквик го претстави проектот на средба со новинари посветена на најновите иновации на компанијата поврзани со вештачката интелигенција.
Повеќе од 7.000 јазици се зборуваат ширум светот, но „Google“ ја нуди својата алатка за превод на нешто повеќе од 130.
At this year’s AI@, we shared how AI can help solve some of humanity’s biggest challenges, fuel our creativity, and help us make sense of the world through language.
Read more about the announcements we shared in these three major areas ↓ https://t.co/O6mguHm01a
— Google AI (@GoogleAI) November 2, 2022
Калифорниската компанија се потпира на технолошките иновации за да ја конструира својата нова вештачка интелигенција, не само за текстови на интернет, туку и за аудио снимки, видео материјали и фотографии. Компанијата, исто така, планира да собира аудио извадоци од различни заедници, особено на јазиците кои не постојат целосно како пишан јазик.
Како што се развива овој долгорочен проект, „Googl“e има намера да ги интегрира резултатите во своите производи како што се „YouTube“, неговите дигитални тастатури и алатката за превод, а со тоа да го олесни користењето на достапните онлајн услуги на мајчиниот јазик на корисниците и да им овозможи да најдат соодветна содржина.