Изгледа дека новиот план за верификација на Twitter ќе биде двостепен систем.
Потпретседателката на Twitter, Естер Крафорд, која го води секторот за претплата Twitter Blue, потврди дека покрај сините значки, компанијата ќе користи и посебна „official“ ознака за селектираните сметки.
Според извештаите, ознаката „official“ ќе биде резервирана за владини нарачки, комерцијални компании, деловни партнери, големи медиуми, издавачи и некои јавни личности.
Не е познато како Твитер ќе одреди која сметка се квалификува за оваа нова ознака и дали ќе мора да помине низ нови процеси за верификација.
Се истакнува дека сите претходно проверени сметки нема да ја добијат ознаката „official“ и таа ознака не е достапна за купување.
Се чини дека планот е создаден за да се ублажат критиките што се појавија откако Елон Маск ги објави плановите за Twitter Blue и верификација.
„Official“ ознаката и проширената верификација се очекува да пристигнат на Twitter во наредните денови.