Малигните заболувања во Македонија бележат зголемен раст. Кај жените, ракот на дојката е најдоминантен канцер, но претставува и најчеста причина за фатални последици. Состојбата во земјава е алармантна ако се земат предвид податоците дека три до четири жени дневно заболуваат од овој тип канцер. Согласно со статистиката, секоја осма жена во текот на својот живот ќе се соочи со рак на дојката.
Пациентите минуваат низ големи предизвици од психолошки аспект како стрес, анксиозност, депресија, несоница, грижи за својот живот и за семејството, па сé до слабостите на еден здравствен систем, кој треба беспрекорно да функционира. Системските слабости им ја влошуваат здравствената состојба на онколошките пациенти поради преоптовареност на здравствените системи. Затоа пациентите најчесто не се задоволни од задолжителното здравствено осигурување што им го нудидржавата и често се соочуваат и со тешки моменти да не можат да го издржат финансискиот товар за лекување.
Од друга страна, доброволното здравствено осигурување е идеално решение бидејќи обезбедува поголеми права и подобра услуга во однос на задолжителното здравствено осигурување.Овој тип осигурување е наменето за секој што сака повисок стандард на здравствена заштита и претставува додаток на основната здравствена заштита гарантирана со Законот за задолжителното здравствено осигурување.
Пакетите за доброволно здравствено осигурување CROCARE што ги нуди Кроација осигурување обезбедуваат брза и лесно достапна медицинска услуга.Тоа значи директно одење на лекар, без бескрајни редици и губење време. Заедно со удобноста и квалитетот на здравствената услуга, посебна предност е обезбедената поддршка во текот на лекувањето и директно плаќање во болниците, кои се дел од партнерската мрежа.
Постојат неколку CROCARE пакети, кои вклучуваат различно ниво на медицинска заштита почнувајќи од 500 денари месечно. Почетните пакети CROCARE lite и CROCARE lite+ вклучуваат болничко лекување и лекување од малигни заболувања, додека основниот пакет CROCARE,како дополна на почетните пакети нуди и специјалистички прегледи во сегментот на превентивната нега. Пакетот CROCARE+ како дополнување на основниот пакет овозможува и комплексна дијагностика, додека CROCARE flexy како дополнување на основниот пакет ги покрива трошоците за набавка на лекови, како и за физикална терапија.
CROCARE осигурувањето е без сопствено учество во штетата, односно 100 проценти ги покрива трошоците за здравствените услуги, кои директно се плаќаат во болниците преку сопствениот Контакт-центар на Кроација. Притоа секој осигуреник, преку својот личен профил на „Моја Кроација“, може онлајн да пријавува и да ја следи секоја штета. Ова осигурување обезбедува и територијално покритие за операции и за болничко лекување низ цела Европа.